Заветрени Острови
From Wikipedia, the free encyclopedia
Заветрените Острови се островска група во северниот дел на Малите Антили, источно од Порторико. Се протегаат јужно до Доминика, каде се дел од Западните Инди. Сместени се во североисточниот дел на Карипското Море, кајшто морето се спојува со западниот дел на Атлантскиот Океан. Јужниот дел од архипелагот Мали Антили се нарекува Приветрени Острови. Овие острови се под управа на разни држави, зависно од нивната територијална надлежност.