Закоп
From Wikipedia, the free encyclopedia
Закоп (инхумација) — закопување на човечкото тело во земјата во релативно неизменет облик. Ова е најстар и најраспространет начин на погребување, кој се среќава од праисториските заедници до денес. Често се користи и синонимот скелетно погребување, кој не е многу прецизен, бидејќи може да асоцира на секундарно погребување на декарнираниот скелет.
Положбата на телото може да биде различна:
- испружено на грбот
- поставено со лицето кон тлото
- поставено на страна
- во седечка положба
- во згрчена (фетална) положба
Во историските и праисториските култури секоја етничка заедница имала специфичен начин на погребување, преку што денес се толкуват одликите на религијата и културата. Лежечката положба кај примарното погребување и боењето на коските кај секундарното претставуваат желба за живот (мотив дека покојникот спие или обоен во црвено, боја која е симбол на животот).