Зворник
From Wikipedia, the free encyclopedia
Зворник — град во североисточна Босна и Херцеговина низ кој минува реката Дрина. Градот се наоѓа јужно од Бијељина. Зворник првпат се споменува во 1410 година, и претставувал врска на Босна со источните земји. За време на Отоманското Царство градот бил еден од шесте најголеми бродоградителски центри.[1] Градското население значително се намалило за време на Босанската војна.[2]
Кратки факти Зворник, Држава ...
Зворник | ||
---|---|---|
Зворник и реката Дрина | ||
местоположба на Зворник во БиХ | ||
Држава | Босна и Херцеговина | |
Област | Република Српска | |
Управа | ||
• Градоначалник | Зоран Стевановиќ (СП) (Сојуз на независни социјалдемократи) | |
Површина | ||
• Градска | 376,14 км2 (145,23 ми2) | |
Надм. вис. | &10000000000000146000000146 м | |
Население (попис од 2013) | ||
• Градско | 12.674 | |
• Густина | 169,3/км2 (438/ми2) | |
• Градскo | 63.686 | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Повик. бр. | 56 | |
Мреж. место | opstina-zvornik.org |
Затвори
Главна атракција во градот е „Кула град“, село кое е дел од општина Зворник, и во него се наоѓа средновековна тврдина изградена во 12 век. Зворник има и градски музеј. Во градот секоја година во август се одржува културно лето. Локалниот клуб ФК Дрина Зворник настапува во првата фудбалска лига во Босна и Херцеговина. Од градот е и кошаркарскиот клуб КК Дрина.