Земјин плашт
геолошки слој / From Wikipedia, the free encyclopedia
Земјин плашт или Земјина мантија — слој од силикатна карпа помеѓу кората и надворешното јадро на Земјата. Има маса од 4,01 × 1024 кг или 67 % од вкупната маса на планетата.[1] Дебел е 2.900 км,[1] заземајќи околу 84 % од Земјината зафатнина. Слојот е претежно цврст, но геолошки временски размери има поведение на вискозна течност налик на карамела.[2][3] Со делумното топење на плаштот во средноокеански гребени се создава океанска кора, а од делумното топење во подрачјата на субдукција произлегува континентална кора.[4]