Земјотрес во Крајстчерч 2011
From Wikipedia, the free encyclopedia
Земјотресот во Крајстчерч во 2011 г. e земјотрес со магнитуда од 6,3[1] што го погодил регионот Кантербери на Јужниот Остров на Нов Зеланд на 22 февруари 2011 во 12:51 ч. по месно време (21 февруари во 23:51 ч. по UTC).[1][9] со епицентар наделеку од населбата Хиткот Вели, 5 км северно од местото Литлтон[10]. Најпогоден бил градот Крајстчерч, каде земјотресот предизвикал големи разорувања на многу места и значаен број на смртни случаи. Според амбасадорот во Канбера, во земјотресот нема загинати Македонци[11].
Оштетената катедрала Крајстчерч | |
Епицантар на земјотресот | |
Датум | 22 февруари 2011 (2011-02-22) во 12:51 ч. NZDT |
---|---|
Магнитуда | 6.3 ML[1] |
Длабочина | 5 км |
Епицентар | 43.60° ЈГШ; 172.71° ИГД / -43.60; 172.71 Хиткот Вели, близу Литлтон, Кантербери, Нов Зеланд |
Зафатени земји/подрачја | Нов Зеланд |
Макс. јачина | MM VIII[2] |
НПЗ | 1,88 g (град); 2,2 g (епицентар)[3] |
Цунами | 3,5-метарски цунами-бранови во Тасмановото Езеро; откршен дел од Тасмановиот Ледник[4][5] |
Жртви | 166 потврдени загинати[6] над 200 исчезнати[7] 1500–2000 повредени (164 потешко)[8] |
Ова е најголемиот последователен потрес како последица на земјотресот од 4 септември 2010 г,[12] но извесни аспекти се смета за засебен земјотрес. Аико е помал во магнитуда, овој земјотрес бил многу покатастрофален заради близината на епицентарот до Крајстчерч - епицентарот септемврискиот бил на длабочина од 11 км под површината, но овој бил само на 5 км. Февруарскиот земјотрес се случил вторник околу пладне, додека претходниот урдил во саботното предвечерие. Покрај ова, поради претходниот земјотрес, голем број објекти биле веќе структурно ослабнати.[13][14] Јачината на земјотресот во Крајстчерч изнесувала MM VIII.[2]
На денот на земјотресот премиерот Џон Ки изјавил дека бројот на загинатите изнесува 65, изјавувајќи дека 22 февруари „веројатно ќе биде најмрачниот ден за Нов Зеланд“.[15] Изутрината управникот на цивилната заштита потврдил 38 човечки жртви (што значи дека телата се препознаени и најблиските се известени).[16] Од непотврдени извори, се проценува дека во земјотресот загинале од 200 до 400 лица.[17] Градоначалникот Боб Паркер изјавил дека барем 200 лица се заробени во урнатините и дека исходот ќе биде доста лош.[18] Изутрината на 23 февруари премиерот прогласил сеопшта вонредна состојба.[19]
Се проценува дека штетата ќе ги чини осигурителните заводи 12 милијарди американски долари (16 милијарди новозеландски долари).[20]