Земјотрес во Мароко (2023)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Земјотрес во Мароко од 2023 г. — земјотрес со јачина од 6,8 MW што се случил на 8 септември 2023 г. во 23:11 часот во регионот Маракеш-Сафи во Мароко. Епицентарот на земјотресот бил на 71,8 километри југозападно од Маракеш, во близина на ски-центарот Оукајмеден во планините Атлас.[1] Пријавени се најмалку 2.122 смртни случаи и најмалку 2.421 повредени.[2][3][4][5] Земјотресот предизвикал големи разурнувања; вклучително и оштетување на историските знаменитости на Маракеш. Земјотресот бил почувствуван и во Шпанија, Португалија, Гибралтар, Мавританија, Алжир и други земји.[6][7][8]
Кратки факти Датум, Магнитуда ...
[[Податотека:|240п|нема|алт=]] | |
Датум | 8 септември 2023 г. |
---|---|
Магнитуда | 6,8 Mw |
Длабочина | 26 км |
Епицентар | 31.064° СГШ; 8.391° ЗГД / 31.064; -8.391 |
Вид | земјотрес |
Зафатени земји/подрачја | Мароко |
Жртви | 2,122+ убиени, 2,421+ повредени |
Затвори