From Wikipedia, the free encyclopedia
Зенерова диода или Зенер-диода – силициумова полуспроводничка диода чиј пробоен напон во инверзен режим на работа е значително помал отколку кај вообичаените диоди благодарение на Зенеровиот ефект. Пробојниот напон на диодата при инверзна поларизација често се нарекува „Зенеров напон“. Зенеровите диоди се користат за стабилизација и ограничување на напонот.[1]
Зенерова диода | |
---|---|
Зенерова диода | |
Тип | пасивен |
Пронаоѓач | Кларенс Зенер |
Распоред на контактите | анода и катода |
Ел. симбол | |
Оваа диода името го добила по американскиот научник Кларенс Зенер.
Кларенс Зенер објаснил како кај полуспроводничките диоди со голема концентрација на нечистотија се зголемува спроводливоста во инверзен режим на работа заради тунелирање на електроните од валентната во спроводната област. За диодите со поголем пробоен напон доминира ефектот на лавина, појава при која електричното поле толку ги забрзува електроните така што со удар во атомите од валентната област избиваат нови електрони во спроводната област, но вообичаено и овие диоди да се нарекуваат Зенерови, додека називот „пробојна диода“ се користи само за повисоки напони.
При Зенеровиот ефект температурниот коефициент е негативен, а кај лавинскиот ефект е позитивен, па вкупниот температурен коефициент е најмал за диодите со Зенеров напон од околу 5 волти, бидејќи тогаш двата ефекта се уедначени.
Симболот на Зенеровата диода е даден на сликата.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.