Знаме на Соединетите Американски Држави
From Wikipedia, the free encyclopedia
Знамето на Соединетите Американски Држави се состои од тринаесет еднакви ленти наизменично црвени со бели, со син правоаголник во кантон на кој има 50 мали бели петокраки ѕвезди сместени во 5 реда од по шест наизменично со 4 реда од по 5. 50-те ѕведички ги претставуваат сојузните држави на САД, а 13-те ленти ги претставуваат првобитните тринаесет колонии кои се побуниле против Британската круна (и влада) и станале првите сојузни држави.
Знамето на САД е еден од најкористените и најпрепознатливите симболи на земјата. Во САД тоа често се истакнува не само на јавни згради, туку и на приватни домови како и на возила, облека, и сл.
Знамето на САД за првпат е усвоено од Конгресот на САД на 14 јуни 1777, и оттогаш овој ден во САД се прославува како Ден на знамето. Првото знаме на САД имало само 13 ѕвездички, бидејќи тогаш федерацијата се состоела од 13 сојузни држави.