Инверзни тригонометриски функции
From Wikipedia, the free encyclopedia
Инверзни тригонометриски функции (понекогаш нарекувани и аркус функции,[1][2][3][4][5] антитригонометриски функции[6] или циклометрични функции[7][8][9]) – во математиката се инверзни функции на тригонометриските функции (со соодветно ограничени домени). Конкретно, тие се инверзни функции на функциите синус, косинус, тангенс, котангенс, секанс и косеканс и се користат за да се добие аголот од кој било од тригонометриските односи. Инверзните тригонометриски функции широко се користат во инженерството, навигацијата, физиката и геометријата.