Информациска економија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Информациската економија или економија на информации е гранка на микроекономската теорија која проучува како информациите влијаат врз економијата и економските одлуки. Информацијата има специфични одлики, лесно е да се создаде, но тешко е да се верува на истата. Исто така, лесно е да се дистрибуира, но тешко е да се контроилира и влијае на многу економски одлуки. Овие специфични одлики (во споредба со останатите добра) им задаваат компликации на многу стандардни економски теории.[1]
Економија |
Економија по региони Африка · Северна Америка |
Општи аспекти |
---|
Историја на економските теории |
Методологија |
Поведение · Информациска |
Специјалности и субспецијалности |
Развој · Раст · Историја |
Списоци |
Журнали · Публикации |
Економски идеологии Анархистичка · Капиталистичка |
Англосаксонска · Feudal |
Портал економија |
Темата за „информациската економија“ се обработува под класификационит код „JEL D8“ - Информација, знаење и несигурност. Информациската економија има и неколку субсегменти. Информацијата како сигнал е опишана како вид на негативна мерка на несигурноста.[2]
Последните неколку години постои влијателен напредок во изучувањето на информациската асиметрија и нејзината импликација[3] во теоријата на договори, вклучувајќи го и пазарниот неуспех како можна опција.[4]
Информациската економија е формално поврзана со теоријата на игрите како и други видови на игри кои можат да бидат приспособени, вклучувајќи ги и игрите со совршена информација,[5] целосна информација[6] и нецелосна информација.[7] Експерименталната економија и методите на теоријата на игри се развиени во модел и тест теории на економијата на информации,[8] вклучувајќи ги и придонесите на потенцијалната јавна политика како дизајн на механизмот да би ја поттикнала размената на информации или, од друга страна економската благосостојба - подобрено економско однесување.[9]