Инхибитор на протонската пумпа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Инхибиторите на протонската пумпа (ИПП) се група на лекови чие главно дејство е изразита и долготрајна редукција на производството на желудочна киселина. Тие се најпотентните достапни инхибитори на секрецијата на киселина.[1] Оваа група на лекови следуваше по и во голема мера ги замени H2-рецепторните антагонисти, друга група на лекови со слични ефекти, но со различен механизам на дејство.
Кратки факти Употреба, Биолошки таргет ...
Класа на лек | |
Општа структура на инхибитор на протонската пумпа | |
Употреба | Намалување на создавањето на желудочна киселина |
---|---|
Биолошки таргет | Hydrogen potassium ATPase |
ATC код | A02BC |
Надворешни врски | |
MeSH | D054328 |
AHFS/Drugs.com | Drug Classes |
WebMD | medicinenet |
Затвори
ИПП се меѓу најпродаваните лекови во светот, а првиот од нив, омепразолот, се наоѓа на списокот на есенцијални лекови на СЗО.[2]