Искуства блиски со смртта
From Wikipedia, the free encyclopedia
Искуства блиски со смртта (ИБС) е термин кој се однесува на широк спектар лични искуства поврзани со неминовна смрт, искусување на голем број неверојатни чувства како напуштање на телото, лебдење, екстремен страв, потполна смиреност, сигурност или топлина, чувство на умирање, појава на блескава светлината која некои луѓе ја толкуваат како прикажување на Бог или божественост.
Овие феномени обично се јавуваат откако на личноста ќе и биде утврдена клиничка смрт или на каков и да било друг начин ќе се доближи до “состојба на смрт” и оттука произлегува терминот искуства блиски со смртта. Со најновите достигнувања во областа на реанимацијата, бројот на ваквите искуства значително се зголеми. Многу научници ги сметаат овие искуства за халуциногени, додека парапсихолозите и некои конвенционални научници стојат зад ставот дека тоа се всушност докази за постоењето на задгробен живот.
Интересот за овие искуства го разгоре Рејмонд Муди, со објавувањето на книгата “Живот по животот” (“Life after Life”) во 1975 г.и со формирањето на Меѓународното здружение за искуства блиски со смртта(МЗИБС)(International Association for Near-Death Studies (IANDS) ) во 1981 г. Според анкетата на Гул (Gallup poll), околу 8 милиони американци се изјасниле дека доживеале вакво искуство. Некои коментатори како што е на пр. Симпсон велат дека бројката на ваквите искуства со смртта е поголема, бидејќи луѓето кои доживеале нешто вакво главно се плашат да зборуваат за тоа или пак не сакаат воопшто да ги споделат своите искуства со другите.
ИБС спаѓаат во полето на изучување на парапсихологијата, психологијата, психијатријата и клиничката медицина.