Исламска Држава
непризнаена блискоисточна држава и џихадистичка група / From Wikipedia, the free encyclopedia
Исламска Држава (скратено ИД; позната и како Исламска Држава на Ирак и Левантот (ИДИЛ) или Исламска Држава во Ирак и Сирија (ИДИС)) е непризната терористичка држава[1] која под своја контрола држи големи делови на Ирак и Сирија. Формирана е на 3 јануари 2014 година, а на 29 јуни истата година била прогласена за калифат.
Од март 2015, контролираат територија на која живеат десет милиони луѓе[2] во Ирак и Сирија, и под номинална контрола држи мали делови на Либијa и Нигерија. Исламската Држава исто така оперира или има организации со кои управува во други делови на светот, вклучувајќи ја и Јужна Азија.[3][4]