Исправувач
From Wikipedia, the free encyclopedia
Исправувач — статички претворувач на електричната енергија од наизменична струја во електрична енергија на еднонасочна струја. Исправувачот служи како извор на еднонасочна струја чија задача е да создава еднонасочни константни напони, чија вредност останува во зададените граници при промена на струјата на потрошувачот.[1][2]
Изворите на еднонасочна струја кои се напојуваат од мрежа на наизменичен напон се состојат од трансформатор, исправувачка диода и мрежен филтер. Трансформаторот, покрај тоа што се користи за дотерување на наизменичниот напон на саканата вредност, овозможува и галванско раздвојување на колото на еднонасочна струја од колото на наизменична струја. Исправениот напон, кој има пулсирачки карактер на излезот од диодното коло, се усреднува со помош на мрежен филтер. Помеѓу излезните краеви на филтерот и потрошувачот често се вметнува стабилизатор, кој има задача да го направи излезниот напон да биде независен како од промените на наизменичниот напон, така и од промените на потрошувачот.[3]
При претворувањето на наизменичниот напон во еднонасочен, наизменичната струја претрпува нелинеарни нарушувања, факторот на моќност се намалува бидејќи се јавува реактивна моќност. Обликот на наизменичната струја зависи од мрежниот филтер. Со едноставен наизменичен филтер струјата има импулсен облик, додека со L филтер има квадратен облик. Стабилизаторот на напонот се гради како систем со силна повратна спрега која се напојува од изворот на нестабилен напон, при што како влезен сигнал се врзува еднонасочниот напон со голема стабилност.