Ист
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ист (италијански: Isto) е мал остров крај далматинскиот брег на Хрватска. Најблискиот град до Ист е Задар. Островот има површина од 9,65 км2.[1] Ист се наоѓа помеѓу островите Шкарда и Молат.
Географија | |
---|---|
Место | Јадранско Море |
Координати | 44°16′N 14°46′E |
Површина | 9,65 км2 |
Управување | |
Хрватска | |
Жупанија | Задар |
Демографија | |
Население | 182 (2011) |
Густина | 18,9 /km2 (490 /sq mi) |
Целиот остров има постојана население од 182 луѓе.[2] Во текот на изминатите 50 години, било просведочено бавно раселување што го преполовило бројот на жителите. Хрватската влада се обидува да привлече луѓе на островот преку својата Национална програма за развој на островите, како и економското заживување (што може да резултира во изградба на мост до блискиот Молат). Неодамна островот има корист од развојот на туризмот.
Во Втората светска војна, Битката кај Ист била поморска акција близу Ист на 29 февруари 1944 година. Судирот се водел помеѓу уништувачите на Слободната француска морнарица, и припадниците на германската морнарица („Kriegsmarine“) состоени од две корвети, две бродови со торпеда и три миночистачи кои штителе товарен брод. Французите успеаја да го уништат германскиот товарен брод и една корвета без свои загуби пред да се повлечат.[3]