Историја на Бразил
From Wikipedia, the free encyclopedia
Денешната територија на Бразил била населена најмалку пред 8.000 години.[1] Повеќето домородни народи кои живееле и живеат на територијата на Бразил се верува дека се потомци од првиот бран мигранти од Северна Азија, поточно Сибир, коишто го преминале беринговиот проток кон крајот на ледената епоха околу 9000-та год. п.н.е. Во 1500-та год. од н.е. територијата на модерен Бразил имала население од околу 3 милиони, разделено во над 2000 нации и племиња. Во текот на наредните три века, Бразил бил непрекинато колонизиран од Португалците. Лингвистиката открила над 188 живи домородни јазици со над 150,000 говорници. Во 2007 Националната Индијанска Фондација (Fundação Nacional do Índio) го изнесла податокот за 67 домородни племиња кои сè уште живеат без допир со конвенционалната цивилизација. Педро Алварес Кабрал го открил ова подрачје во 1500 година. Во тоа време домородците биле семи-номади концентрирани околу бреговите најмногу онаву каде што се влеваат поголемите реки во океанот.
Дел од темата Бразил |
Домородни Народи во Бразил |
Портал:Бразил |