Казујо Сеџима
From Wikipedia, the free encyclopedia
Казујо Сеџима (妹島 和世code: ja is deprecated , Сеџима Казујо, родена на 29 октомври 1956 г.) е јапонска архитектка. Таа е позната по своите проекти кои ги карактеризира чиста модернистичка естетика. Тие најчесто содржат елегантни, чисти и сјајни површини од стакло, мермер и метал. Таа исто така користи квадрати и кубуси што може да се препознаат на повеќе нивоа во нејзините проекти. Огромни прозорци овозможуваат природна светлина да навлезе во просторот и да создаде слеаност помеѓу внатрешноста и надворешноста на објектот. Токму од ова поврзување на два простори таа ја црпи својата инспирација при проектирањето.
Казујо Сеџима | |
---|---|
Казујо Сеџима во март, 2009г. | |
Роден(а) | 29 октомври 1956(1956-10-29) (67 г.) Ибараки префектура, Јапонија |
Националност | Јапонка |
Награди | Schelling Architekturpreis 2000 Награда „Ролф Шок“ 2005 Прицкерова награда 2010 |
Ателје | Казујо Сеџима и Соработници (1987–1995) САНАА (од 1995 г.) |
Казујо Сеџима, заедно со Рјуе Нишизава, има работено на повеќе проекти во Германија, Швајцарија, Франција, Англија, Холандија, САД и Шпанија. Многу од нивните проекти вклучуваат стакло и јавни отворени простори кои ја создаваат врската на објектот со неговата околина. Такви проектантски елементи може да се сретнат во изобилство во нивните проекти.
Во 2010 г., Сеџима, заедно со Рјуе Нишизава ја добила Прицкеровата награда за архитектура.