Капричо (опера)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Капричо — опера во еден чин на германскиот композитор Рихард Штраус. Таа е неговото последно дело за кое самиот композитор го напишал либретото, во соработка со австрискиот диригент Клеменс Краус.[1] Делото е опишано како „разговорна пиеса за музика“ — драмското дејство е минимално, додека операта во голема мера е расправа за операта и уметноста. Затоа „Капричо“ се нарекува и „метаопера“, опера за опера. Главниот мотив на операта е нејзиниот најголем проблем: што е поважно, музиката или текстот?
Капричо Capriccio | |
---|---|
Опера од Рихард Штраус | |
Композиторот во 1922 (Фотографија на Шмуцер) | |
Либретист |
|
Праизведбата на операта се одржала во Народниот театар во Минхен на 28 октомври 1942 година. На Штраус подоцна му нуделе нови либрета, но тој ги одбивал сметајќи го „Капричо“ за свое музичко завештание.
Музиката на „Капричо“ убедливо го покажува извонредниот опсег на зрелиот стил на Штраус и на некој начин претставува музички збир на сите негови опери од „Кавалерот со ружата“. Во операта се издвојуваат гудачкиот секстет, кој на почетокот ја игра улогата на увертира, инструменталниот дел „Музика на месечината“ и долгата завршница на грофицата.