Караѓоз и Хаџиват
From Wikipedia, the free encyclopedia
Караѓоз и Хаџиват (турски: Karagöz ve Hacivat, Караџоз значи „црно око“) се протагонисти на традиционалниот турски театар на сенки. Овој вид на театар бил многу популарен за време наосманлиското царство. Ликовите, познати како tasvirs, биле направени од кожа од камила во форма на луѓе или предмети и се држат на шипки пред извор на светлина така да ги фрлале своите сенки на екранот од памук. Со куклите управувал само еден главен уметник, Хајали. Темата на театарскте претстави се базирала на контрастот помеѓу двата главни лика: Караѓоз го симболизирал неписмениот човек од народот, додека Хаџиват припаѓал на образованата класа која користи литературен и поетски јазик. Караѓозовата духовита наивност секогаш ја победувала ученоста на Хаџиват, иако сите негови деловни планови пропаѓале.[1]
Претставите за Караѓоз и Хаџиват биле особено карактеристични за периодот на Рамазан. До појавата на радиото и филмот, тоа било една од најпопуларните забави во Турција. Денес овие претстави воглавно се наменети за деца и тоа со поедноставена тема.[1]
Во 2009 година Театарот на сенки Караѓоз и Хаџиват бил вклучен на списокот на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото.[2]