Карли Сајмон
американска пејачка (родена 1943) / From Wikipedia, the free encyclopedia
Карли Елизабет Сајмон (анг: Carly Elisabeth Simon, родена на 25 јуни 1943 година во Бронкс, Њујорк) ― американска пејачка, текстописец, музичарка и писателка на мемоари и книги за деца. Во текот на 1970-тите се стекнала со популарност со низа хит песни; 13 нејзини песни се пласирале во топ-40 на Билбордовата листа меѓу кои „Ancipation“ (бр. 13), „The Right Thing to Do“ (бр. 17), „Haven't Got Time for the Pain“ (бр. 14), „You belong to me“ (бр. 6), „ Coming Around Again“ (бр. 18), и нејзините четири песни со златен тираж „You're So Vain“ (бр. 1), „Mockingbird“ (бр. 5, дует со Џејмс Тејлор), „Nobody Does It Better“ (бр. 2) од филмот за Џејмс Бонд од 1977 година „Шпионот што ме сакаше“ и „Jesse“ (бр. 11). Напишала 2 мемоари и пет книги за деца.
Карли Сајмон | |
---|---|
Карли Сајмон во 1972 | |
Роден(а) | Карли Елизабет Сајмон 25 јуни 1943(1943-06-25) (80 г.)[1] Њујорк, САД |
Занимање |
|
Активен период | 1963–денес |
Сопружник |
|
Деца | 2 |
Потпис | |
Страница carlysimon.com |
Со нејзинaта песна од 1988 година „Let The River Flow“, од филмот Вработена девојка, Карли станала прв изведувач кој освоил награда Греми, Оскар и Златен глобус за песна компонирана, напишана и изведена од ист уметник.[2]
Карли Сајмон била една од најпопуларните кантавтори кои се појавиле во 1970-тите;[3] [4] 24 нејзини песни се пласирале на Billboard Hot 100 и 28 песни на Billboard Adult Contemporary листата.[5] Покрај другите признанија, Карли има освоено две Греми награди (од 14 номинации) и нејзината песна „You're So Vain“ во 2004 година била примена во Гремиевата куќа на славата.[6] AllMusic ја нарекле „една од најзначајните кантавторки од 70-тите“.[3] Таа има контраалт глас.[7] Сајмон била примена во Куќата на славата на текстописците во 1994 година.[8] Од Бостонските музички награди ја добила наградата за животно дело во 1995 година, [9] а добила почесен докторат по музика од колеџот Беркли во 1998 година.[10] Во 2005 година, Карли Сајмон била номинирана за ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, но таа сè уште ја нема добиено својата ѕвезда.[11] [12] Во 2012 година, ја добила Наградата за основачи од Американското друштво на композитори, автори и издавачи.[13] Во 2022 година, Сајмон била примена во Куќата на славата на рокенролот.[14]