Карло V (Свето Римско Царство)
цар на Светото римско царство / From Wikipedia, the free encyclopedia
Карло V (германски: Karl V.; шпански: Carlos I; хрватски: Karlo V; холандски: Karel V; италијански: Carlo V; чешки: Karel V.; француски: Charles Quint; 24 февруари 1500 – 21 септември 1558) владеел со Светото Римско Царство од 1519 година до 1556 година и како Карло I, со шпанското кралство од 1516 до 1556 година. Во 1556 година тој доброволно се повлекол и се откажал од титулата цар на Светото Римско Царство во полза на својот помлад брат Фердинанд I и од титулата крал на Шпанија во полза на својот син Филип II.
Карло V | |
---|---|
цар на Светото Римско Царство; крал на Германија; крал на Италија | |
На престол | 28 јуни 1519 - 27 август 1556[1] |
Крунисување | 26 октомври 1520, Ахен (крал на Германија) 22 февруари 1530, Болоња (крал на Италија) 24 февруари 1530, Болоња (цар) |
Претходник | Максимилијан I |
Наследник | Фердинанд I |
крал на Шпанија со Јована до 1555 | |
На престол | 23 јануари 1516 – 16 јануари1556 |
Претходник | Јована |
Наследник | Филип II |
лорд на Холандија и палатински гроф на Бургоња | |
На престол | 25 септември 1506 – 25 октомври 1555[2] |
Претходник | Филип I од Кастиља |
Наследник | Филип II од Шпанија |
Роден(а) | 24 февруари 1500 Гент, Фландрија |
Починал(а) | 21 септември 1558 (58 години) Јусте, Шпанија |
Почивалиште | Ескоријал, Св. Лаврентиј „Ескоријал“, Шпанија |
Сопружник | Изабела од Португалија |
Деца | Филип II, крал на Шпанија Марија, царица на Светото Римско Царство Јована, принцеза на Португалија Хуан од Австрија (незаконски) Маргарита, војвотка на Фиренца и на Парма (незаконска) |
Династија | Хабсбуршка династија |
Татко | Филип I од Кастиља |
Мајка | Јована I Кастиљска |
Вероисповед | римски католицизам |
Потпис |
Карло бил престолонаследник на три европски водечки династии — Хабсбуршката династија на Хабсбуршката монархија; династијата Валоа-Бургоња на бургоњска Холандија и Трастамарската династија на круните на Кастиља и на Арагон. Владеел со широки области во Централна, Западна и Јужна Европа и со шпанските колонии во Северна и Јужна Америја и во Азија. Бидејќи Карло бил првиот крал што едновремено владеел со Кастиља, со Леон и со Арагон, тој станал првиот крал на Шпанија.[3] Во 1519 година тој станал цар на Светото Римско Царство и надвојвода на Австрија. Со тоа, неговото царство се протегало речиси четири милиони км2 низ Европа, низ Далечниот Исток и низ Северна и Јужна Америка.[4]
Карло посветил долго време од своето владеење на Италијанските војни против Франција коишто, иако премногу скапи, биле успешни на воен план. По решавачката хабсбуршка победа во Битката кај Павија во 1525 година,[5] силите на Карло ги повратиле Милано и Франш Конте од Франција, што го предизвикало францускиот крал Франсоа I да ја формира Француско-отоманската алијанса. Противникот на Карло - Сулејман Величествениот поразувајќи ги христијаните во Мохачката битка во 1526 година го освоил централниот дел на Кралството Унгарија. Сепак, по неуспешниот обид да ја заземат Виена во 1529 г. напредокот на Отоманците запре.
Со исклучок на неговите воени залагања, Карло бил најпознат по улогата што ја имал во спротивставувањето на протестантската Реформација.[6] Неколку германски принцови ја напуштиле Католичката црква и ја формирале Шмалкалденската лига со цел со воена сила да го оспорат неговиот авторитет. Неподготвен да дозволи религиските војни да навлезат во неговите други домени, Карло настојувал да се свика Советот од Трент, којшто ја започнал Противреформацијата. За време на неговото владеење, Св. Игнатиј Лојолски ја основал Дружбата Исусоваза да може мирно и интелектуално да се бори против протестантството, а континентална Шпанија била поштедена од религиски конфликт главно поради мирните мерки на Карло.[7]
Во Новиот Свет, Шпанија ги освоила Ацтеките од Мексико и Инките од Перу, па ја проширила својата контрола во поголем дел од Јужна и Средна Америка. Карло ја надгледувал Шпанската колонизација на Северна и Јужна Америка. Тој му обезбедил пет брода на Фернандо Магелан чиешто патување — првото поморско обиколување на Земјата — ги поставило темелите на империјата на Шпанија во Тихиот Океан и ја започнало шпанската колонизација на Филипините.
Иако постојано во војна, Карло го сакал мирот. „Не беше алчен за територија“, напишал Маркантонио Контарини во 1536 г., „но беше многу алчен за мир и тишина“.[8] Терците биле главните трупи за време на целото негово владеење. Тој се повлекол во 1556 г. и Хабсбуршката монархија преминала во рацете на неговитот помлад брат, Фердинанд, додека пак Шпанската империја ја наследил неговиот син Филип II. Двете империи ќе останат сојузници сѐ до XVIII век.
Карло имал само 54 години кога се повлекол, но по 34 години енергично владеење тој бил физички исцрпен и мирот го побарал во манастирот во којшто и починал на 58-годишна возраст. Тој ја оставил Германија јасно разделена поради религијата, а Шпанија ја оставил речиси пред банкрот и на работ да ја изгуби Холандија во револт заснован на религијата.