Касиј Дион
грчко-римски државник и историчар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Касиј Дион (ок. 165 – ок. 235; старогрчки: Δίων Κάσσιος, Дион Касиј; латински: Lucius Cassius Dio) — римски историчар и сенатор со грчко потекло по мајка. Ја обработил историјата на Рим во 80 тома, почнувајќи од доаѓањето на Енеј во Италија. Делото поматаму ги документира основањето на Рим (753 г. п.н.е.), настанокот на Републиката (509 г. п.н.е.) и создавањето на Царството (27 г. п.н.е.) сè до 229 г., за време на царот Александар Север. Напишано е на старогрчки во текот на 22 години и опфаќа повќе од едно илјадалетие. Многу од книгите опстануваат неизменети или како одломки, што дава подробен увид во римската историја.
Кратки факти Касиј Дион, Роден/а ...
Касиј Дион | |
---|---|
Касиј Дион на илустрација од XVII век | |
Роден/а | ок. 165 Никеја, Витинија (денешен Изник, Турција) |
Починат/а | ок. 235 Витинија (денешна Северна Анадолија, Турција) |
Занимање | историчар, сенатор, претор, проконзул, конзул |
Предмет | историја |
Значајни дела | „Римска историја“ |
Затвори