Кастељери на Вила де Грасија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кастељери на Вила де Грасија, група создадена во 1996 година, се изведувачи со седиште во Вила де Грасија,која прави човечки кули. Нивниот прв јавен настап бил во 1997 година. Бојата на нивните кошули е темносина.[1]
Првата кула 4 на 8 (човечка кула висока 8 ката со 4 луѓе на секое ниво) била постигната на 17 август 2003 година.
Нивниот најдобар настап бил изведен на 24 октомври 2014 година во Барселона.
До 2015 година, Кастељери на Вила де Грасија учествувале седум пати на натпреварот за правење човечки кули, кој се слави на секои две години во Тарагона. Нивниот најдобар настап бил во 2014 година, кога завршиле на 5-то место.[2]
Тие се познати како „Сината банда“,поради бојата на нивните кошули или „Студентската банда“ поради младата возраст на повеќето нивни членови.
Кастељери на Вила де Грасија се појавуваат во филмот на Седрик Клапис.