Католикон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Католиконот (грчки: καθολικόν) — главен, основен храм на манастир или манастирски комплекс. Во манастирите често има многу помали цркви и параклиси кои го надополнуваат католиконот. Католиконот обично се осветува и го носи името на патронот на манастирот.
Во доцната антика, поимот католикон ја означувал главната просторија на храмот - наосот. Во Византија терминот не се користел. Во доцниот и поствизантискиот период се користел за означување на соборниот храм на епархијата.