![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/5a/Gradsko_jezgro_Kikinde_08.jpg/640px-Gradsko_jezgro_Kikinde_08.jpg&w=640&q=50)
Кикинда
град во Србија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кикинда — град и административен центар на округот Северен Банат во автономната покраина Војводина, Србија. Урбаното подрачје на градот има 38.065 жители, додека административна област на градот има 59.453 жители.
Кикинда Град Кикинда | ||
---|---|---|
Град | ||
![]() општинската зграда | ||
| ||
![]() местоположба на градот на територијата на Србија | ||
Држава | ![]() | |
Регион | Војводина | |
Округ | Северен Банат | |
Статус на град | март 2016 (2016-03) | |
Управа | ||
• Градоначалник | Павле Марков (СНП) | |
Површина | ||
• Град | 78,200 км2 (301,93 ми2) | |
Население (2011) | ||
• Град | 38.065 | |
• Метро | 59.453 | |
Демоним | Kikinđani, (ср) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Поштенски број | 23300 | |
Повик. бр. | +381(0)230 | |
Регистарски таблички | KI | |
Мреж. место | www.kikinda.rs |
Градот бил основан во 18 век. Од 1774 до 1874 година Кикинда било седиште на областа Голема Кикинда, автономна административна единица на Хабсбуршката монархија. Во 1893 година на Кикинда ѝ бил доделен статус на град. Градот станал дел од кралството Србија (и кралството на Србите, Хрватите и Словенците) во 1918 година.
Во 1996 година, добро сочувани археолошки остатоци од половина милион-годишниот стар мамут биле ископани на периферијата на градското подрачје.[1] Мамутот наречен „Кика“ станал еден од симболите на градот. Денес остатоците се изложени во Националниот музеј на Кикинда. Други занимливости во градот се „Сувача“ - уникатна мелница придвижувана од магаре, годишните денови на тиквата,[2] и меѓународниот симпозиум на скулптура „Тера“.[3] Многубројните зимски гнезда на планинскиот був се лесно достапни, бидејќи се наоѓаат во градските паркови и затоа тие привлекуваат набљудувачи на птици од земјата и странство.