Климатски промени во Турција
From Wikipedia, the free encyclopedia
Климатските промени во Турција вклучуваат промени во климата во Турција, нивните ефекти и како земјата се прилагодува на тие промени. Годишните и максималните температури на Турција се зголемуваат,[3][4] и 2020 година била трета најжешка година што е забележана во историјата[5]. Турција ќе биде значително погодена од климатските промени,,[6][7] и веќе доживува поекстремно време[8], со суши и топлотни бранови како главни опасности[9].[10]. Тековните емисии на стакленички гасови од страна на Турција се околу 1% од вкупниот глобален износ[11], и енергетската политика вклучува силно субвенционирање на јаглен во Турција[12]. Турција е една од ретките земји што го потпишала, но не го ратификувала Парискиот договор, па затоа не е една од страните во Парискиот договор. Министерството за животна средина ја координира адаптацијата кон климатските промени и ова е планирано за водните ресурси според речните сливови и за земјоделството.