Комплет тапани
From Wikipedia, the free encyclopedia
Комплет тапани е збирка на тапани и други ударни инструменти поставени така да може да чука еден музичар.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Ударните инструменти можеме да ги поделиме во три главни категории: идиофони, коишто произведуваат свој сопствен звук, мембранофони, на кои звукот им зависи од мембраната која се протега над резонаторот, и хордофони, вклучувајќи жици за звук. Традиционалните тапани претставуваат збирка од идиофони и мембранофони. Во последно време на традиционалните тапани се вклучуваат и електронските инструменти.
Поспецифичен, современ комплет, како што се користи во популарната музика, кажано на многу музички школи и за кои квалификации се достапни на колеџот Тринити во Лондон (англиски: Trinity College London) се состои од:
- Тапан примка, монтиран на специјален столб, поставен помеѓу колената на тапанарот и се свири со специјални стапчиња.
- Бас тапан, на кој се свири со педала, поставена од десната страна и управувана со десното стапало.
- Хај-хет сталка и чинели, управувани со левото стапало и свирени со стапчиња, најчесто, но не секогаш со стапчето во десна рака.
- Еден или повеќе том-том тапани, на кои се свири со стапчиња.
- Една или повеќе странични чинели, на кои се свири со стапчиња, со двете раце.
На тапаните обично се свири на специјален стол или на специјално направен престол.
Повеќето тапанари го прошируваат својот комплет додавајќи повеќе тапани, повеќе чинели и многу други инструменти. Во некои музички стилови екстензијата особено е многу нормална, на пример дупли бас тапан во хеви металот. Од друга страна, но многу поретко, некои изведувачи отстапуваат од основното поставување, се зависи од стилот на музиката што музичарите ја свират и исто така и од поединечните изведби.