Комунистичка партија на Кина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Комунистичка партија на Кина или КПК (кинески: 中国共产党; пинјин: Zhōngguó Gòngchǎndǎng) — државотворна и владејачка партија во Народна Република Кина. Иако формално владее во коалиција со Обединетиот фронт на други партии,[4] во практика, КПК раководи со земјата во еднопартиски систем,[5] запазувајќи ја унитарноста на управата и централизмот на државата, војската и медиумите.[6] Правото на владеење на партијата е втемелено во уставот на државата, и истата е поставена над законот, што се должи на нејзините ленинистички корени.[6][7] Тековен партиски водач е Си Ѓинпинг,[1] кој е на функцијата Генерален секретар на Централниот комитет.
Комунистичка партија на Кина 中国共产党 | |
---|---|
Амблем на Комунистичката партија на Кина | |
кинески name | 中国共产党 |
Генерален секретар | Си Ѓинпинг[1] |
Постојан комитет на политбирото | Си Ѓинпинг Ли Кеќанг Џанг Деѓанг Ји Џенгшенг Љу Јуеншан Ванг Чишан Џанг Гаоли |
Основана | 1 јули 1921 (1921-07-01) |
Штаб | Џунгнанхај, Пекинг |
Младина | Сојуз на комунистичката младина на Кина Млади пионери на Кина |
Членови (крај на 2012) | 85.127.000[2] |
Идеологија | маоизам, марксизам-ленинизам, денгизам, три претстави, научен развој[3] |
Меѓународна припадност | Коминтерна (порано) Меѓународна средба на комунистички и работнички партии |
Национално народно собрание | 2.099 / 2.987 |
Мрежно место | |
cpc.people.com.cn | |
Знаме | |
Политика на НР Кина Политички партии Избори |
Народна Република Кина |
Оваа статија е дел од темата: |
|
Устав
Уставна историја
Идеологија
Право
Обединет фронт
Војска
Други теми
|
|
Во текот на нејзината историја како владејачка партија, покрај официјалниот марксизам-ленинизам, во партијата постојат и неоформални табори со олигархиски карактер што застапуваат потрошувачки и неолиберални гледишта, како и левичарски табори што ѝ го оспоруваат правото на партијата и другите табори.[8]
Партијата е основана во јули 1921 г. во Шангај.[9][10][11] По долготрајната граѓанска војна, КПК извојувала победа над Куоминтангот и во 1949 г. завладеала со цела континентална Кина.[12] Куоминтангот се повлекол на островот Тајван, со кој владее и денес.
Историјата на партијата пред и по основањето на НР Кина бележи разни борби за превласт на идеологиите, од кои најдраматична е деструктивната Културна револуција. Во прво време партијата членувала во Коминтерната, но во 1960-тите дошло до идеолошко разидување со Комунистичката партија на СССР и раскинување на меѓусебните врски. Во следниот период, партиската идеологија доживеала преобразба под водство на Денг Сјаопинг, усвојувајќи го моделот на пазарна економија, што овозможил силен и долготраен економски раст и развој.[13]
КПК е најголемата политичка партија на светот,[14] со повеќе од 80 милиони членови[15] кон крајот на 2010 г. или 6,0% од населението. Речиси сите функционери и чиновници во државната и воената управа се членови на партијата.[16] Почнувајќи од 1978 г., партијата настојува да ги институционализира сите политички промени, обраќајќи големо внимание на целовитоста на структурата. Денес таа полага особено значење на единството во партијата, избегнува секакви јавни судири и функционира по пат на отворен демократски централизам.