Комутација на пораки
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во телекомуникациите, пренесувањето на пораките беше претходник на пренесувањето на пакети, каде пораките беа пренесувани во целина, еден хоп во единица време. Ова за првпат беше претставено од страна на Leonard Kleinrock во 1961 година. Системите за пренесување на пораките, денес, најчесто се имплементирани со packet-switched или circuit-switched податочни мрежи. Секоја порака се третира како посебен ентитет. Секоја порака содржи информации за адресирање, и во секој преклопник оваа информација е прочитана и се одлучува за патеката за пренос до следниот преклопник. Зависно од условите кои ги нуди мрежата, разговорот од неколку пораки можеби нема да биде пренесен по истиот пат. Секоја порака е зачувана (обично на тврдиот диск како резултат на ограничувањата на RAM меморијата) пред да биде пренесена до наредниот преклопник. Поради тоа, ова често е познато и како 'store-and-forward' мрежа. Електронската пошта (Е-mail) е честа апликација за испраќање на пораки. Задоцнување во пренесување на електронска пошта е дозволено, за разлика од преносот на податоци во реално време помеѓу два компјутера.
![]() | Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |