Кондензација (хемија)
хемиска реакција / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кондензација — вид на хемиска реакција каде две молекули се соединуваат образувајќи една молекула, обично со загуба на мала молекула како вода.[1] Ако се загуби водата, реакцијата се нарекува и дехидратациска синтеза. Меѓутоа, при реакцијата може да се загубат и други молекули како амонијакот, етанолот, оцетната киселина и сулфурводородот.[2]
Додавањето на двете молекули се одвива постепено, обично во рамнотежа, и со загуба на водената молекула (затоа кондензација).[3] Реакцијата инаку може да вклучува функционални групи на молекулата, и претставува сестрана класа на реакции која може да се јави во кисели или базни услови, или во присуство на катализатор. Оваа класа на реакции е незаменлив дел од животот бидејќи има сушстинска улога во образувањето на пептидни врски помеѓу аминокиселините и биосинтезата на масните киселини.[4]
Постојат многу разновидности на кондензациски реакции. Чести примери се адолната и Кневенагеловата кондензација (обете образуваат вода како нуспроизвод), како и Клајденовата и Дикмановата кондензација (меѓуполекулска Клајзенова кондензација), кои како нуспроизвод образуваат алкохоли.[5]