Констанс I
From Wikipedia, the free encyclopedia
Флавиј Јулиј Констанс (лат.Flavius Iulius Constans),(ok.320- 350 год.) е византиски цар, најмалиот син на Константин Велики и Фауста. Во 333 година е прогласен за цезар, а при поделбата на империјата во 337 година е прогласен за управник на Италија, Северна Африка и Илирик[2]. По победата над неговиот брат Константин II управува и со Галија, Британија и Шпанија, т.е. западниот дел на империјата. Во годините 341-2 води успешни борби со Франките[3], а во првите месеци на 343 е на посета на Британија[4] , кога таа е нападната од Шкотите. Со текот на времето се покажал доволно мрзлив,а администрацијата била корумпирана и трошела неограничено пари. Во однос на религијата бил приврзаник на Никејското православие, ги забранил паганските жртвувања и ги прогонувал останатите христијански секти. Сето тоа го направило непожелен од народот и војската. Така во 350 година војсководецот Магнетиј се побунил[5], а Констанс побегнал кон Шпанија[6], но по патот бил фатен и убиен[7] крај гратчето Хелена, денешна Јужна Франција.