Континентална клима
климатска класа / From Wikipedia, the free encyclopedia
Континентална клима — клима со значителни годишни разлики во температурата (топли лета и студени зими). Се јавуваат на средни географски ширини (40 до 55 СГШ) во големи копнени маси каде преовладувачките ветрови дуваат по копнен пат и носат извесни врнежи, а температурите не трпат влијанија од океаните. Овие клими се среќаваат претежно на северната полутопка поради големите копнени пространства во тој дел на Земјата. Ваква клима имаат североисточна Кина, Источна и Југоисточна Европа, западен и северозападен Иран, средна и југоисточна Канада, како и средните и североисточните САД.[1]
Оваа клима во Македонија е застапена претежно во нејзиниот умереноконтинентален облик (суволетна континентална клима), од класата Dsb.
Врнежите во континенталните предели се умерени, претежно сосредоточени во потоплите месеци. Најголемите количества на врнежи се во текот на зимскиот период само во некои подрачја како Тихоокеанскиот Северозапад на Северна Америка и во Иран, северен Ирак, соседна Турција, Авганистан, Пакистан и Средна Азија. Дел од годишните врнежи се во облик на снег, кој се задржува повеќе од еден месец. Летата може да имаат бури со грмотевици и чести високи температури; меѓутоа, летното време е постабилно отколку зимското. Во Кепеновата класификација, континенталните клими се означуваат со почетна буква D. Тревартината класификација ги означуа како Dc.