Котантен
полуостров во Нормандија, Франција / From Wikipedia, the free encyclopedia
Котантен (француски: [Cotentin] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help), нормандски: [Cotentîn] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help)) познат и како Шербуршки Полуостров — полуостров во Нормандија која е дел од северозападниот брег на Франција. Се протега во Ла Манш кон Велика Британија. На запад од него се наоѓаат Каналските Острови, а на југозапад се наоѓа полуостровот Бретања. Полуостровот Котантен е дел од Арморискиот масив (со исклучок на низинскиот дел кој што лежи во Парискиот Басен) и се наоѓа помеѓу устието на реката Вире и заливот Мон Сен Мишел.
Кратки факти Cotentîn, Географија ...
Cotentîn | |
---|---|
Полуостровот Котантен (познат и како Шербуршки Полуостров) во Нормандија | |
Географија | |
Соседни водни површини | Ламанш |
Управување | |
Франција | |
Регион | Нормандија |
Департман | Манш |
Демографија | |
Јазици | нормандски |
Затвори
Името го добил по градот Кутанс, кој пак е именуван по императорот Констанциј Хлор. Животот на Котантен од 19 век е тематика на многу романи на Барбе д'Оревили.