Кохортна студија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кохортна студија — одреден облик на надолжна студија која зема примероци од кохорта (група луѓе кои споделуваат дефинирачка одлика, обично оние кои доживеале заеднички настан во одреден период, како раѓање или дипломирање), изведувајќи пресек на интервали низ времето. Тоа е еден вид панел-студија каде што поединците во панелот споделуваат заедничка одлика.
Кохортните студии претставуваат еден од основните дизајни на епидемиологијата кои се користат во истражувањата во областа на медицината, фармацијата, медицинската нега, психологијата, општествените науки и во кое било поле кое се потпира на „тешко достапни“ одговори кои се засноваат на докази (статистика). На пример, во медицината, додека клиничките испитувања се користат првенствено за проценка на безбедноста на новоразвиените фармацевтски производи пред да бидат одобрени за продажба, епидемиолошката анализа за тоа како факторите на ризик влијаат на инциденцата на болести често се користи за да се идентификуваат причините за болестите на прво место, и да помогне да се обезбеди претклиничко оправдување за веродостојноста на заштитните фактори (третмани).