Кралство Холандија (1806 - 1810)
француска марионетска држава во Ниските Земји (1806-1810) / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кралството Холандија (холандски: Koninkrijk Holland, француски: Royaume de Hollande) ― француска марионетска држава која постоела за време на Наполеоновите војни, од 1806 до 1810 година. Државата ја создал Наполеон Бонапарта во март 1806 година за полесна контрола на територијата на поранешната Батависка Република. Откако станал цар во 1804 година, Наполеон се обидел да ги уништи републиканските идеали на териториите под контрола на Франција и за крал на Кралството Холандија го назначил неговиот брат, Луј Бонапарта.[1] Името на најголемата покраина, Холандија, сега се однесувало на целата држава. Во 1807 година, кон кралството биле припоени Источна Фризија и Јефер.
Кралство Холандија | |||||
Клиентска држава на Француското Царство | |||||
| |||||
---|---|---|---|---|---|
Гесло Eendragt maakt magt (холандски)[б 1] "Единството создава моќ" | |||||
Главен град | |||||
Јазици | Холандски, француски, долно германски, фризиски | ||||
Вероисповед | Протестантство, Католицизам | ||||
Уредување | Монархија | ||||
Крал на Холандија | |||||
- | 1806–1810 | Луј I | |||
- | 1810 | Луј II | |||
Историски период | Наполеонови војни | ||||
- | Основана | 1806 | |||
- | Замрела | 1810 | |||
Денес во | |||||
Во 1809 година, по Валхеренскиот поход, Холандија на Франција морала да ѝ ги отстапи сите територии јужно од реката Рајна.
Кралот Луј не ги исполнил очекувањата на Наполеон. Тој се обидел да им служи на холандските интереси и кралството било распуштено во 1810 година, а во 1813 година Холандија била анектирана од Франција. Кралството Холандија ја опфаќала територијата на денешна Холандија, со исклучок на Лимбург и делови од Зеланд, кои тогаш биле француска територија, но ја вклучувало и Источна Фризија. Кралството било прва формална монархија во Холандија од 1581 година.