Крал на Саудиска Арабија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Крал на Саудиска Арабија — апсолутен монарх на Саудиска Арабија и старешина на династијата Сауд. Го носи звањето Чувар на Двете Свети Џамии (خادم الحرمين الشريفين), што се однесува на старателството врз Светата џамија (Месџид ел-Харам) во Мека и Џамијата на Пророкот (Месџид ел-Небеви) во Медина — воведено во 1986 г. наместо дотогашната „Неговото Величество“.