From Wikipedia, the free encyclopedia
Крвната заклетва (унгарски: vérszerződés, буквално "крвен договор") според традицијата бил пакт меѓу водачите на седумте унгарски племиња, и се смета за прв, непишан устав на унгарската нација. Приказната за пактот, заедно со условите договорени во него, е позната од хрониката Gesta Hungarorum напишана помеѓу 1196-1203 година, и како таква влијаела на законите и обичаите од 12 век. Заклетвата била запечатена од седумте водачи - Алмош, Елед, Онд, Кенд, Таш, Куба и Тетењ - со пресекување на рацете и пуштање на крв во пехар. Оваа практика веројатно била традиционално употребувана за да се запечатат исклучително важни договори, а веројатно постоеле и други слични заклетви, но фразата "крвна заклетва" обично се однесува на онаа меѓу седумте унгарски водачи.
Вообичаено се сметало дека крвната заклетва се случила во 9 век, во време на владеењето на високиот принц Алмош, во Etelköz, пред миграцијата на унгарските племиња во Панонската низина. Авторот на Gesta Hungarorum - познат само како "Магистер П" или како "Аноним" - ја раскажува својата приказна во книгата:
Според современите извори, слични крвни заклетви биле чести кај номадските народи слични на Унгарците. Херодот го опишал скитскиот ритуал во кој "голем заднички пехар е исполнет со вино, а учесниците во заклетвата, ранувајќи се малку со нож или шило, проливаат дел од својата крв во виното, а потоа во смесата вронуваат сабји, неколку стрели, воена секира и копје, додека сите повторуваат молитви; на крај, двете договорни страни го пијат секој својот дел од пехарот, како главните луѓе, така и нивните следбеници."[3]
Описот на церемонијата за прифаќање на заклетва ги отсликува политичките и општествените промени за време на животот на Аноним. Зголемената моќ на благородниците и нивната потреба за кодификација на нивните права кулминирала со издавањето на Златната була од 1222 година. Неколку историчари заклучиле дека намерата на Аноним во пишувањето на овој договор била да ги изрази општествените промени во негово време, и да ја поддржи борбата за правата на благородништвото, како еден вид на историско оправдување. Според историчарот Иштван Немешќорти "Целта на Магистер П. (Аноним) е да ги оправда правата и тврдењата на унгарското благородништво од 13 век за создавање на наследни линии за сите нивни пријатели и роднини од периодот на унгарското освојување на Панонската низина. Исто така, иако Аноним нагласува дека неговите дела се темелат на пишани извори, тој сакал да создаде книжевно дело во стилот на периодот во кој тој живеел."[4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.