Крез (департман)
департман во Франција / From Wikipedia, the free encyclopedia
Крез (француски: Creuse; окситански: Cruesa или Crosa) — департман во Средна Франција именуван по реката Крез. По Лозер, тој е втор најмалку населен департман во Франција. Се граничи со Ендр и Шер на север, Алие и Пуи-де-Дом на исток, Корез на југ и Горна Виена на запад. Во 2020 година, департманот броел 115.995 жители, додека официјалните проценки за 2022 година се 113.711 жители.
Крез Creuse (Окситански): Cruesa или Crosa | |||
---|---|---|---|
Департман | |||
Зградата на префектурата на департманот Крез во Гере | |||
Местоположба на Крез во Франција | |||
Држава | Франција | ||
Регион | Нова Аквитанија | ||
Префектура | Гере | ||
Потпрефектури | Обисон | ||
Управа | |||
• Претседател на департманскиот совет | Валери Симоне[1] (Републиканци) | ||
Површина1 | |||
• Вкупна | 5.565 км2 (2,149 ми2) | ||
Население (2019) | |||
• Вкупно | 116.617 | ||
• Ранг | 101. | ||
• Густина | 21/км2 (54/ми2) | ||
Час. појас | СЕВ (UTC+1) | ||
• Лете (ЛСВ) | СЕЛВ (UTC+2) | ||
Број на департманот | 23 | ||
Арондисмани | 2 | ||
Кантони | 15 | ||
Општини | 256 | ||
^1 Француски катастар на земјиште кој не ги вклучува естуарите, езерата, вештачките езера и ледниците поголеми од 1 km2 |
Гере, префектурата на Крез има околу 12.000 жители, што ја прави најголемата населба во департманот. Следниот најголем град е Ла Сутерен, а потоа следи Обисон. Департманот се наоѓа во поранешната покраина Ла Марш. Крез е еден од најруралните и најретко населените департмани во Франција, со густина на населеност од 21 жител/км2 и население од 116.617 жители во 2019 година - втор најмал од сите департмани во Франција.[2] Земјиштето е претежно земјоделско, а департманот е добро познат по производството на костени и лешници, како и по расите на говеда шароле и лимузен.