Крижевци
From Wikipedia, the free encyclopedia
Крижевци — град во копривничко-крижевската жупанија во Хрватска. Според пописот од 2001 г. градот имал вкупно 11.541 жител.[1] Поради близината на Загреб (57 км), Крижевци се развива како сателитска градска населба со поволна положба во близина на регионалните средишта Копривница (31 км), Бјеловар (33 км) и Вараждин (48 км).
Кратки факти Mестоположба, Координати ...
Катедралата во Крижевци | |
Mестоположба | |
---|---|
Местоположба на Крижевци на картата на Хрватска | |
Координати | |
Општи податоци | |
Име - изворно |
Крижевци Križevci |
Основан | 1252 |
Стари имиња | Cris |
Поштенски број | 48260 |
Повикувачки број | (+385) 048 |
Автомобилска ознака | KŽ |
Портал | www.krizevci.hr/ |
Управа | |
Земја | Хрватска |
Жупанија | Копривничко-крижевска жупанија |
Градоначалник | Бранко Хрг (ХСС) |
Географија | |
Површина | 263.72 km² |
Население | |
Население | 11.894 (2001) |
Затвори
За настанокот на Крижевци била важна макросообраќајната положба. Уште од антиката и средниот век на просторот на Крижевци се наоѓала крстосница на патишта, а низ населбата поминувал познатиот пат на кралот Коломан кој го поврзувал панонскиот и јадранскиот простор. Крижевци лежи на 140 метри надморска височина.