Криптографија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Криптографија (или криптологија) потекнува од грчкиот јазик (од зборовите скриено и напишано) и претставува практикување и учење на техники за сигурна комуникација во присусво на трета страна (наречена непријател). Поопшто тоа е правење и анализирање протоколи кои го надминуваат влијанието на непријателот и кое е во врска со различни аспекти на информациска сигурност како што се доверливост на податоци, интегритет на податоци и автентикација. Модерната криптографија вклучува делови од математиката, компјутерската наука и електронското инжинерство. Примена на криптографијата има во кредитните картички, компјутерските лозинки и електронската трговија. Криптографијата пред модерната ера беше речиси синоним со енкрипцијата, трансформација на информација од јасна форма во нешто што на прв поглед нема значење. Испраќачот дозволува пораката да може да биде декриптирана и поради тоа да избегне несакани личности да можат да ја прочитаат. Од првата светска војна и доаѓањето на копмјутерите методите кои се користат во криптологијата станаа сè повеќе комплексни и нивната примена стана широко распространета. Модерната криптографија има силен научен пристап и дизајнира криптографски алгоритми кои е тешко да се погодат, правејќи ги тие алгоритми тешки за пробивање од страна на непријателот. Теоретски е можно да се пробие таков систем, но е неизводливо да се изведе во пракса. Заради тоа тие програми се сигурни дека не може во реално време да се пресметаат. Постојат теоретски докажани системи дека не можат да се пробијат како што е one time pad, но овој систем не може да се искористи во пракса. Криптографската технологија покрена голем број на правни прашања. Во Велика Британија дополнувањата во Регулативата за истражување 2000 побарува осомничениот криминалец да го предаде криптографскиот клуч ако тоа се побара од властите инаку корисникот може да се соочи со тужба. Electronic Frontier Foundation е вклучена во случај на врховниот суд на САД кој ќе утврди дека побарувањето на криптографскиот клуч од страна на осомничените е неуставно. EFF тврди дека тоа е прекршување на правото да не инкриминираш себеси дадено во петтиот амандман.[1]
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |