куќа и споменик на културата во Охрид From Wikipedia, the free encyclopedia
Куќа на Коле Котуше — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија како претставник на македонската староградска архитектура.[1][2] Градбата е заведена како Споменик на културата под називот Куќа на ул. „Цар Самоил“ бр. 55.[3]
Куќа на Коле Котуше | |
---|---|
Куќата во 2021 година | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | куќа |
Стил | староградски |
Адреса | ул. „Цар Самоил“ бр. 59 ул. „Цар Самоил“ бр. 55 (стара адреса) |
Град | Охрид |
Земја | Македонија |
Завршена | XIX век |
Технички податоци | |
Катови | 2 |
Куќата е сместена во маалото Варош, на улица „Цар Самоил“ бр. 59 (стар број: 55). Изградена е во XIX век и се вбројува во неколкуте наполно зачувани староградски куќи во Охрид.[1] Му припаѓала на Коле Котуше.[4] Куќата била надворешно обновена во периодот 2016-2017 година.
Во прво време куќата имала приземје и два ката, од кои во вториот имало училиште. Подоцна тој кат е урнат, веројатно заради нарушената стабилност на градбата. Приземјето и катот се целосно зачувани со исклучок на функционалните промени во внатрешноста. Главниот влез е од улицата „Цар Самоил“, а помошниот е од сокакот на запад, преку затворениот двор од јужната страна. Фасадата има карактеристични полукружни прозорци со дрвени капаци, што е посебен случај во градот. Градбата е типична за своето време во Охрид — визбата и приземјето се камени, а катот е бондручен. Меѓукатната и покривната конструкција се дрвени, а покривот е од турски ќерамиди. Подовите и таваните се од штици, со исклучок на подрумскиот под, кој е од калдрма. Преградните ѕидови се дрвени. На приземјето има ходник, кујна и една одаја, а на катот има три одаи, од кои едната е чардак, подоцна пренаменет во просторија за живеење. Фасадата ги има оригиналните дрвени опшиви околу прозорците. Пред реставрацијата, фасадата на катот имала специфична сина боја.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.