Лабораторијата на Декстер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лабораторијата на Декстер (англиски: Dexter's Laboratory) — американска анимирана серија по идеја на Генди Тартаковски (творецот на Самурај Џек) за Cartoon Network. Лабораторијата на Декстер станала една од најпопуларните и најуспешните изворни серии на Cartoon Network и довела до промена во насоката на каналот кон создавање пооригинални серии. Низ годините, серијата добила висока оценка и потврдни одзиви, како и номинации за 4 Еми и други награди.[1]
Кратки факти Лабораторијата на Декстер, Жанр ...
Лабораторијата на Декстер | |
---|---|
Жанр | |
Создадена од | Генди Тартаковски |
Режирана од |
|
Земја на потекло | САД |
Првичен јазик | англиски |
Бр. на сезони | 4 |
Бр. на епизоди | 78 (216 сегменти) (список на епизоди) |
Производство | |
Времетраење | 22 минути |
Прикажување | |
Првична мрежа | Cartoon Network |
Првично прикажување | 27 април 1996 – 20 ноември 2003 |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | cartoonnetwork.com/tv shows/dexter/ |
Затвори