Лазањи
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лазањите (итал. lasagne) се карактеристично италијанско јадење, особено застапено во италијанските региони Емилија-Ромања и Марке, односно во целата Централна Италија. Лазањите се јадат низ целиот свет и се еден вид на синоним за италијанската кујна.
Лазањите имаат правоаголна или квадратна форма и се употребуваат пред сѐ за печени јадења во рерна.