Ларсенов Леден Гребен
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ларсенов Леден Гребен — долг леден гребен во северозападниот дел на Веделовото Море, кој се протега долж источниот брег на Антарктичкиот Полуостров од Лонгинговиот ’Рт до Смитовиот Полуостров. Името го добил по капетанот Карл Антон Ларсен, kapetan на норвешкиот брод за ловење китови Џејсон, кој пловел по ледената предница до 68°10' јужно во текот на декември 1893 година [1] Подетално, ледениот гребен Ларсен е серија гребени кои зафаќаат различни заливи долж брегот. Од север кон југ, сегментите се нарекуваат Ларсен А (најмалиот), Ларсен Б и Ларсен Ц (најголемиот) од истражувачите кои работат во областа.[2] На југ се именувани и Ларсен Д и многу помалите Ларсен Е, Ф и Г.[3]
Распадот на ледениот гребен од средината на 1990-тите е нашироко пријавен,[4] при што колапсот на Ларсен Б во 2002 година бил особено драматичен. Голем дел од Ларсен Ц се отцепил во јули 2017 година формирајќи санта позната како А-68.
Ледениот гребен првично покривал површина од 85.000 км2, но по распаѓањето и отцепувањето на ледениот брег А-17, сега зафаќа површина од 67.000 км2 .