Латинска книжевност
From Wikipedia, the free encyclopedia
Латинската или римска книжевност се развивала под влијание на хеленската и затоа нејзината вредност е двојна - таа не е само одраз на развитокот на римското робовладетелско општество, туку е и ризница во која се сочувани некои дела на хеленски научници и поети, чии оригинали се изгубени.
Повеќе информации Историја на книжевноста ...
Затвори
Римската книжевност може да се подели на неколку периоди: докласичен (до 80 г. п.н.е.), класичен (од 80 п.н.е. до 120 г.) и посткласичен период (од 120 г. до почетокот на VI век). Според ова, таа опфаќа цели осум векови. Римската книжевност настанува при крајот на Првата пунска војна и потоа се раширува, но сегогаш останувајќи единствена, сè до околу 600 година.