Лимфом
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лимфомите се група на карциноми во кои клетките на лимфниот систем стануваат абнормални и почнуваат неконтролирано да растат. Лимфното ткиво го има во многу делови на телото и затоа лимфомите може да настанат во скоро секој орган на телото.
Лимфом | |
---|---|
Податотека:Limfomi-001.jpg | |
Лимфом | |
Специјалност | Хематологија, Онкологија |
Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |
Има два главни вида на лимфоцити:
- Т клетки
- Б клетки.
Злоќудните лимфоми се создаваат од овие клетки. Почест тип кај возрасните се Б клеточните лимфоми, додека кај децата инциденцата на Т и Б клеточните лимфоми е скоро иста. Лимфомите се делат на два главни типа: Хочкин (ХЛ) и не-Хочкин лимфоми (НХЛ).
Некои од не-Хочкин лимфомите ги вклучуваат: Буркит-овиот лимфом, дифузен голем Б-клеточен лимфом, лимфом со фоликуларен центар и mantle-клеточен лимфом. НХЛ е составен од околу 10 поттипови и 20 различни ентитети на болеста. Поделбата е врз основа на тоа дали лимфомот е со низок градус (напредува полека) или висок градус (напредува брзо). НХЛ, исто така, се групирани според клеточниот тип на Б-клеточен или Т-клеточен.
Најголемиот број на лимфомите започнуваат во лимфните јазли; околу 20% почнуваат во други органи, како на пример белите дробови, црниот дроб или гастроинтестиналниот тракт. Кога лимфомите ќе се создадат, злоќудните лимфоцити се размножуваат неконтролирано и не ги извршуваат своите нормални функции што влијае врз способноста на телото да се бори против инфекции. НХЛ е многу помалку предвидлив од ХЛ и е поверојатно да се шири во делови надвор од лимфните јазли. Злоќудните клетки може да ја окупираат коскената срцевина и во зависност од степенот, да го спречат создавањето на нормалните црвени крвни клетки, бели крвни клетки и тромбоцитите. Канцерогените клетки исто така, можат да ги нападнат и други органи преку циркулаторниот систем на лимфата, намалувајќи ја функцијата на тие органи.