Ли Џенгдао
кинеско-американски физичар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ли Џенгдао (кинески: 李政道, пинјин: Lǐ Zhèngdào) или Цунг-Дао Ли англиски: Tsung-Dao Lee или T. D. Lee; р. 24 ноември 1926) — кинески физичар роден во Америка познат по неговата работа во истражувањето на нарушувањето на парноста, Лиовиот модел, честичната физика, физиката на релативистичките тешки јони, нетополошките солитони, солитонски ѕвезди и др.[1] Тој е почесен проесор на универзитетот „Колумбија“, каде што предавал од 1953 година па сè до 2012 година кога се пензионирал.
Џингдао Ли 李政道 | |
---|---|
Ли Џенгдао | |
Роден(а) | 24 ноември 1926(1926-11-24) (97 г.) Шангај, Кинез |
Државјанство | САД |
Националност | САД |
Полиња | Физика |
Установи | Универзитет „Колумбија“ Институт за напредни студии Калифорниски универзитет |
Образование | Џеѓаншки универзитет во Куенминг (се отпишал). |
Докторски ментор | Енрико Ферми |
Познат по | Нарушување на парноста |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (1957) Ајнштајнова награда (1957) Матеучиев медал (1995) |
Потпис |
Во 1957 година, Ли на возраст од 30 години, ја освоил Нобеловата награда за физика заедно со Џенинг Јанг.[2] за нивнта работа на законот за нарушувањето на парноста при слабото заемодејство која била експериментално потврдена од страна на Ву Ѓенсјунг.
Ли бил најмладиот нобеловец по Втората светска војна сè додека Малала Јусафзај не добила Нобелова награда во 2014. Тој е четвртиот најмлад нобеловец во историјата по Вилијам Лоренс Брег кој ја освоил Нобеловата награда на 25 години заедно со неговиот татко Вилијам Хенри Брег, Вернер Хајзенберг кој наградата ја добил исто така на 30 години и Малала Јусазај. Ли и Јанг се првите кинези кои освоиле Нобелова награда, а бидејќи тој станал натурализиран американец во 1962 година тој е воедно и најмладиот американец кој ја освоил Нобеловата награда.