Максимилијан I (Свето Римско Царство)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Максимилијан I (германски: Maximilian I, роден на 22 март 1459 во Винер Нојштат - починал на 12 јануари 1519 во Велс, Горна Австрија) — на војвода Бургундија од 1477 година, римско-германски крал од 1486 година, надвојвода на Австрија од 1493 година и цар на Светото Римско Царство во периодот од 1508 до 1519 година. Максимилијан произлегува од Хабсбуршката династија. Неговото управување се одликува со активна и доследна политика, насочена кон проширување на териториите на Хабсбурговците преку војни и поволни династички бракови. Максимилијан I спроведел важни реформи во системот на управување на Светото Римско Царство и Австрија. Поголемиот дел од управувањето поминало во напорите за ограничување на француската експанзија во хабсбуршките поседи и Италија. Најсериозен неуспех во неговото владеење е губењето на австриските територии во Швајцарија по Битката кај Дорнах на 22 јули 1499 година.
Максимилијан I | |
---|---|
Цар на Светото Римско Царство Германски крал | |
На престол | 16 февруари 1486 – 12 јануари 1519 |
Крунисување | 9 април 1486 |
Претходник | Фридрих III |
Наследник | Карло V |
Надвојвода на Австрија | |
На престол | 19 август 1493 – 12 јануари 1519 |
Претходник | Фридрих V |
Наследник | Карло I |
Роден(а) | 22 март 1459(1459-03-22) Винер Нојштат, Австрија |
Починал(а) | 12 јануари 1519(1519-01-12) (возр. 59) Велс, Австрија |
Почивалиште | Винер Нојштат, Австрија |
Сопружник |
|
Деца |
|
Династија | Хабсбуршка династија |
Татко | Фридрих |
Мајка | Елеонора |
Вероисповед | Римокатоличка црква |