Малополско Војводство
војвојдство во Полска / From Wikipedia, the free encyclopedia
Малополско Војводство (полски: województwo małopolskie) — војводство во јужна Полска. Зафаќа површина од 15108 км2 и има население од 3.406.000 жители (2014).
Малополско Војводство Województwo małopolskie | |||
---|---|---|---|
војводство | |||
Местоположба во Полска | |||
Окрузи во Малополското Војводство | |||
Земја | Полска | ||
Седиште | Краков | ||
Окрузи | 3 градски, 19 земски * | ||
Површина | |||
• Вкупно | 15.108 км2 (5,833 ми2) | ||
Население (2014) | |||
• Вкупно | 3.406.000 | ||
• Густина | 230/км2 (600/ми2) | ||
• Градскo | 1.619.235 | ||
• Селско | 1.648.496 | ||
Рег. таб. | K | ||
Мреж. место | malopolskie.pl | ||
|
Создадено е на 1 јануари 1999 г. од дотогашните војводства Краковско, Тарнувско, Новосонченско и делови од Бјелското, Катовичкото, Келечкото и Кросненското, согласно управната реформа усвоена претходната година. Наречено е по историската област Малополска, иако зафаќа само мал дел од неа. Историската област е значително поголема и се протега многу посеверно, сè до Радом и Шедлце, и опфаќа градови како Сталова Вола, Лублин, Келце, Ченстохова и Сосновјец.
Го опфаќа просторот меѓу Светокришките Планини на север, Краковско-ченстоховската Јура на запад и Татрите, Пјенините и Бескидите на југ. Во управен поглед се граничи со Шлескотото Војводство на запад, Светокришкото Војводство на север, Поткарпатското Војводство на исток и Словачка на југ.
Речиси сета Малополска му припаѓа сливот на реката Висла. Во 2000 г. Краков бил европска престолнина на културата. Градот има патни и железнички врски со Катовице (брз автопат), Варшава, Вроцлав и Жешув. Сместен е на важно минувалиште кое ги вкрстува патиштата од Дрезден за Киев и од Гдањск за Будимпешта. Тука е и вториот по големина аеродром во Полска — „Јован Павле II“.