Маргарет Квали
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сара Маргарет Квали (родена на 23 октомври 1994 година) е американска глумица. Доаѓа од филмско семејство. Нејзината мајка е глумицата Енди Мекдауел, а татко Пол Квали. Како млада се занимавала со балет и сакала да биде модел. Нејзиното прво појавување во мала улога го имаше во филмот Пало Алто во 2013 година, а дека има талент се покажа во серијата „Остатоците“ (2014–2017) на HBO каде се здоби со признание за улогата на проблематичен тинејџер.
Во 2019 година, таа доби признание за нејзината улога во биографската мини-серија за глумицата и танчерка Ен Реинкинг на FX Fosse/Verdon, за која беше и номинирана за наградите Еми. Се појави во филмовите Добри момци (2016), Death Note (2017), Беше еднаш во Холивуд (2019) и во видео играта Death Stranding . Во 2021 година, таа глуми во познатата мини-серија на Нетфликс, Слугинката.